Микрофилмување

Kodak-Arhiv-Writer-Kasete-optimizЗа организациите за кои безбедноста и заштитата се приоритет, чувањето на деловната документација на во форма на микрофилм како законски признато и трајно решение важи за проверен и најсигурен начин за заштеда и управување на деловната документација.

Економичноста на овој начин на чување на документи најпрвин се гледа во просторната заштеда (микрофилмските записи во однос на хартиената документација зафаќаат дури 99% помалку архивски простор).

Микрофилмската копија има еднаква правна важност како и оригинален хартиен документ што и дозволува на една организација да може да ја уништи хартиената верзија на документот во секој момент. Исто така може да се обезбедат алтернативни копии на микрофилмот што овозможува дополнителна заштита (Disaster Recovery- Business Continuiy scenario).

Стандардната услуга за микофилмување опфаќа:

  • микрофилмување со Kodak Archive Writer еден од најактуелните и најсигурните уреди од овој тип во светот
  • перфектен квалитет на микрофилмскиот запис, со изработка на 17 000 слики по ролна
  • дуален запис (истовремена изработка на оригинал и копија на микрофилмот)
  • обезбедената гаранција на Кодак микрофилм изнесува 500 години
  • изработка на додатни микрофилмски дупликати (со помош на Disaster recovery)