OCR скенирање/ обработка на податоци

ocr1Компанијата ДИС врши автоматизирана OCR обработка на податоци преку трансфер на скенирани слики или пребарувачки PDF или Word формат документи (OCR скенирање во Word или PDF). Во ДМС системите на овој начин е овозможено пребарување на целиот текст (слично на Google платформата). За потребите на OCR обработката на податоци,компанијата користи OpenText Capture Center (OCC) софтверско решение.

OpenText Capture Center претставува лидер на пазарот кој опфаќа документи и екстракција на податоци преку OCR, OMR и ICR технологија (за дигитализација на хартиената документација и автоматска обработка на податоци од документи). Со оваа постапка скапото и бавно рачно внесување на податоци се претвара во брз и сигурен процес за раководење со документи.

Со својот RecoStar систем, OCC се прикажал како најреферентното решение за автоматско OCR и ICR препознавање и обработка на податоци од претходно скенирана документација (во вид на автоматска обработка на налози за пренос, фактури и различни формулари).

Некои од најпочитуваните организации имаат најдобри искуства во користењето на OCC решенијата како UBS bank, Deutche Post, UK National Savings bank итн.