Kodak Alaris™ веќе со децении се издвојува како лидер на светскиот пазар со својата понуда на високо продуктивни скенери за дигитална обработка на деловната документација. Преку стандардните врвни перформанси со кои се одликуваат Кодаковите хардвер уреди, компанијата воведува константни иновации во технологија заедно со поедноставување на сите процеси што би значело полесна употреба за крајниот корисник. Со ваквото настојување за квалитет, Kodak го обезбедува место како лидер во сите релевантни параметри во областа на Document imaging како исполнување на највисоките меѓународни стандарди за квалитет на производи, брзина во работата, сигурна хардверска и софтверска платформа, техничка поддршка, долгорочна експлоатација, достапност на сервисот и сл.
Kodak скенерите го претставуваат најквалитетното решение за дигитализација и управување со деловни документи од различен обем- почнувајќи од помали па се до големи фирми. Овие уреди овозможуваат брза и ефикасна експлоатација на информации од штампани или од електронски документи преку значително намалување на веќе постоечката хартиена архива преку трансфер во сигурен електронски формат.
Нашата актуелна понуда ги опфаќа следниве производи и услуги:
Кодак скенери
Кодак Микрофилм
ATIZ скенери за книги
Сервис опрема