Скенирање

Скенирањето и дигитализацијата на деловната документација овозможува моментална достапност и зачувување на вашата документација во најквалитетниот дигитален формат. На овој начин понатамошното чување, комуницирање и пребарување за комплетната содржина на скенираната документација (електронско архивирање на документи и посебно архивирање на деловни документи) ќе станат ваша компетитивна предност посебно ако сте организација која практикува современ начин на управување со нејзините трошоци, време и деловна ефикасност.

Компанијата ДИС нуди најсовремени решенија кога станува збор за скенирање- дигитализацијата се врши низ ултрабрзи колор/црно-бел Kodak скенери кои го претставуваат самиот светски врв во трансферот на архивскиот материјал во електронска форма. Овие уреди поседуваат професионален квалитет на скенирана слика, рамномерен контраст, можност за појачување на слабо видливиот текст или сликата со мал капацитет (со помош на опцијата Treshlding, Color Dropout и Autocrop) и најквалитетен микрофилмски запис.

Додатна можност претставува зголемениот обем на скенирање на документација по барање на клиентот како и дистрибуција на различни локации.

Моментално нудиме два пакети на услуги кои се однесуваат за деловна документација:

strelice-usluge Стандардно скенирање

  • Скенирање на документи со професионални Kodak уреди (за документи до А3 формат)
  • Колор и/или црно бело скенирање
  • Индексирање на водечкиот документ
  • Скенирање во форма на пребарувачки PDF фајл (Searchable PDF)
  • Техничка припрема на документацијата при скенирање (на пример: физичка корекција на документи како исправување на превиткани делови)
  • Tehnička priprema dokumentacije nakon skeniranja (povraćaj u arhivsko stanje)
  • Експорт на дигитализираната документација на било кој начин

strelice-usluge Дополнително скенирање

  • Скенирање на чувствителни и/или оштетени документи
  • Скенирање на документи поголеми од А3 формат
  • Скенирање на увезени документи
  • OCR скенирање и автоматска обработка за препознавање на податоците
  • Дигитализација и автоматско детектирање на содржината на документите со помош на OCR, ICR и OMR технологија
  • Финална контрола и импорт на добиените податоци во DMS или друг дата информатички систем