Архивирање на хартиена документација

Деловната хартиена документација е во константен раст и може да претставува проблем за секоја организација без разлика на нивото на кое истата се наоѓа. Современиот начин на складирање на документи се евидентира како неопходен процес со кој што компаниите би можеле на поефикасен начин да управуваат со својот деловен простор како и со целокупниот процес на работа.

Услужниот центар на ДИС гарантира најдобар сооднос на квалитет и вложени средства, а како доказ би служела значајната заштеда на време (брз и моментален пристап кон саканата документација без додатно вложување на сопствена опрема или архивски простор, олеснување на процесот на физичко испраќање на документи и сл.)

Компанијата ДИС овозможува комплетна услуга која вклучува архивирање на хартиена документација – пр. Архивирање на предмети и акти од банки, општини и други компании (транспорт, архивирање , складирање и чување на деловните документи) според најстрогите постоечки стандарди во овој сектор – ISO 9001, ISO 27001 I ISO 15489. Ова значи дека ДИС нуди единствен систем на хибридно архивирање кое ги обединува услугите како скенирање, физичко архивирање, обработка на барања за достава за неопходната документација и електронско архивирање на деловната документација.

Складирањето на документите се врши со користење на наменските ARHIVIRAJ.COM картонски кутии со највисок квалитет во кои може да се чуваат 6 стандардни регистратори со по 500 листови.

ДИС – ARHIVIRAJ.COM процесот се одвива по највисоките светски и ISO стандарди што значи:

  • Чување на документацијата во ARHIVIRAJ.COM стандардните архивски кутии
  • Квалитетни архивски полици изработени од метал кој не ‘рѓосува
  • Складирање на архивската кутија на единствено место на архивската полица
  • Архивските депоа се изградени од цврсти материјали (цигла и бетон), поседуваат вентилација и противпожарна врата. Истите се изградени без прозорци.
  • На клиентите им овозможуваме пристап до нашиот online ARHIVO софтвер кој служи за управување со архивата и упатување на барања за достава на документи со неограничен број на кориснички лиценци.
  • Персонализирани 2D бар код налепници со опис на содржината на кутијата која е прилагодена според барањата на клиентот.
  • Организација на корисничката служба како псебен деловен сектор
  • Транспорт и достава на документите според барањата на клиентот:
    • Достава на оригиналните документи
    • Скенирање и испраќање на документите низ ARHIVO системот
    • Достава преку скенирање и испраќање на e-mail
    • Достава преку скенирање и испраќање преку DMS или друг информатички систем
  • Авторизација на корисници преку протокол
  • Секојдневно користење на протоколот и стандардите за уредување и превземање на документацијата
  • Врвни системи за заштита ( строго контролиран пристап кон архивата, 24 часовно обезбедување со видео надзор, современ противпожарен систем, заштита од штетници…)
  • Сателитски надзор и пратење на возилата
  • Целата архивска документација е осигурана
  • Локација на архивското депо: Скопје, Македонија